Балдини: Слатка победа, момците сфатија дека можат и со играч помалку!

Силвио Балдини, имаше успешен старт со селекцијата на Италија до 21 година. 66-годишниот стратег во јули оваа година го презеде младиот тим на „аѕурите“ и во воведните две кола од квалификациите за ЕП извојува две победи.

По втората против Македонија У21 (0-1) Балдини истакна дека ова се најслатките победи и откри дека фудбалерите биле многу среќни по крајот на средбата во Битола.

„Ова се најслатките победи, кога предизвикот е потежок. Тоа се победи што ти помагаат да растеш. Момците почнуваат да сфаќаат дека дури и кога сме со десет играчи во поле, ако се држиме заедно, сè уште можеме да си ја завршиме работата. Тие покажаа вистински карактер, а потоа ми рекоа дека се чувствува уште подобро по вака извојуваната победа. За тренер, тоа е најзадоволувачката работа. Работиме заедно само девет дена, па затоа сум навистина задоволен што ги гледам како толку брзо ги сфаќаат нашите идеи. Мило ми е што сум тука, а сега ќе имам повеќе време детално да ја испланирам работата за да им помогнам на овие момци“, рече искусниот стратег. 

Македонија, пак, циклусот на квалификации го започнаа со две победи, откако во првото коло загубивме на гости кај Полска. 

ФОТО/PHOTO: www.figc.it