Балардини открива: Која е тајната на успехот на Пандев?

Македонскиот фудбалер Горан Пандев постигна важен гол за својата Џенова на мечот против Верона и на тимот му донесе големи три бода кои можат да бидат значајни во понатамошниот дел од сезоната во битката за опстанок.

Капитенот на репрезентацијата на Македонија има поголема доверба кај новиот тренер, а истата ја оправда со погодок. Балардини има само пофални зборови за Македонецот, а истовремено вели дека Пандев има одлична „тајна на успехот“

„Која е тајната на успехот на Пандев? Ќе ви откријам - тој е човек кој тренира многу напорно и ги почитува сите. Поседува голема интелигенција и фудбалски квалитет. Премногу сум среќен за него и се надевам ќе продолжи во голгетерски ритам“, изјави Галардини.

Џенова е на 15. позиција во Серија А и има 13 бода, а во наредното коло е домаќин на Аталанта. Пандев поради добрата форма се очекува да биде стартер на овој меч.