Балак: Разликата меѓу Бундеслигата и Премиер лигата е огромна!

Михаел Балак

Еден од најдобрите фудбалери на Германија во последните 20 години Михаел Балак, за тамошните медиуми истакна дека разликата меѓу Бундеслигата и Премиер лигата е огромна. 

Односно тој вели дека во Германија постои само еден тим, а тој е Баерн Минхен, додека во англискиот шампионат секоја сезона се појавуваат неколку нови тимотви кои играат на највисоко ниво. 

„Кога ја гледам Бундеслигата, секогаш сум заинтересиран за Баерн Минхен. Тој владее веќе години во оваа лига и ретко кога имал сериозен конкурент за титулата. Во спротивно, во Премиер лигата не е така. Таа лига е мерка за сите. Јасна е разликата на квалитет меѓу двете лиги, во Англија секоја сезона има различни екипи кои играат на високо ниво, што е таков случајот во Бундеслигата“, вели Балак. 

Некогашниот капитен на Германија во својата богата кариера има настапувано во двете лиги, во Бундеслигата беше дел од тимовите на Кајзерслаутен, Баер Леверкузен и Баерн Минхен, додека во Премиер лигата четири сезони го носеше дресот на Челзи.