ВИДЕО: Бакамбу како Марадона, со рака донесе победа за Виљареал

Бакамбу

Напаѓачот од Конго со француски пасош, Седрик Бакамбу постигна два гола во победата на Виљареал на домашен терен против Леганес. Сепак, неговиот втор и победнички погодок беше постигнат со рака и не требаше да важи.

Се играше продолжението од мечот, кога Дос Сантос испрати центаршут кон својот соиграч, кој со помош на својата рака го совлада противничкиот голман и донесе големи три бода за „жолтата подморница“ во борбата за излез во Европа.

Виљареал остана на петата позиција и сега има четири бода предност во однос на шестопласираниот Атлетик Билбао.