ВИДЕО: Бајрами и Исени го скршија Борец, Шкупи со победа тргна во пролетната сезона

Шкупи со победа ја стартуваше пролетната сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако пред својата публика со сигурни 2-0 (0-0) славеше над тимот на Борец, во натпревар во кој чаирчани не само што заслужено ги освоија трите бода, туку заслужија многу поубедлива победа. 

Најголем „виновник“ за минималниот триумф на домаќинот, беше голманот на Борец, Мустафа, кој денес бранеше фантастично, собра скоро десет интервенции, но во 80. и 92. минута немаше решение за Бајрами и Исени, кои ја донесоа посакуваната победа на чаирчани од овој дуел.

Фановите на Шкупи во солидна бројка ги наполнија трибините и приредија одлична атмосфера на „Чаир“, но актерите на мечот не ги наградија со голови, барен не во првиот дел, затоа што два гола беа постигнат во самиот финиш. Првите минути минаа во претпазлива игра на двете страни, ниту една од екипите не се осмели посериозно да го нападне противничкиот гол, па затоа во првите 45 минути не видовме некоја посериозна можност за отворање на резултатот.

За Борец најголемата можност за водство ја испушти Лазаревиќ, кој од полулево го совлада Алексовски, но неговиот млак удар веднаш беше отстранет од домашната одбрана. Во самиот финиш од првиот дел со „ножички“, атрактивно, се закани Балили, но неговиот удар заврши во рацете на добро поставениот Мустафа. 

За разлика од првото полувреме, во второто двете екипи се растрчаа на „Чаир“, а Жуниор од непосредна близина со глава не успеа да го надмудрни гостинскиот голман и резултатот остана непроменет. Веќе во следниот напад се закани и Борец, но повторно без реализација. 

Избраниците на Ќатип Османи не отстапија од офанзивниот фудбал и шанси се редеа пред голот на Мустафа. Денес расположениот Билали им правеше многу проблеми на велешани по левата страна, а по една негова одлична соло акција центрираше со Жуниор кој повторно со глава не успеа да ја смести топката во посакуваната цел. 

Само неколку минути подоцна Дарбое испрати проектил кон гостинскиот гол, но Мустафа денес беше несовладлив и повторно со одлична интервенција ја спаси својата мрежа. Малку фалеше чаирчани во 72. минута да бидат наградени за одличната игра и доминацијата во вториот дел, откако повторно не успеаја да ја минат последната пречка – гостинскиот голман. Нето излезе сам пред Мустафа и можеше да бира каде да шутира, но неговиот удар заврши само во телото на добропоставениот 29-годишен чувар на мрежата на велешани. 

Но, кога не може од игра, чаирчани по прекин конечно го скршија гостинскиот отпор и стигнаа до заслужени 1-0. Голема радост за домашните фанови донесе капитенот Бајрами, кој по центаршут од корнер, небранет од никого со глава ја смести топката зад грбот на Мустафа и го отвори резултатот.

Во самиот финиш Бајрами заработи втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот, но на негова среќа и на задоволство на домашните фанови, Бесар Исени во 92. минута ја потврди победата на чаирчани и ги постави конечните 2-0. 

Во следното коло Шкупи го чека дуел со градскиот ривал Работнички, додека Борец прва пролетна победа ќе брка на свој терен против лидерот Вардар

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15