Бајрами: Ремито во Ерменија не ни носи предност, нѐ чека двојно потежок меч

Муарем Бајрами имаше одличен натпревар во Ерменија против Пјуник и даде два гола во ремито (3-3), а сега, го најави мечот кој треба да биде реванш во Скопје и кој ќе го даде патникот во наредната фаза на Лига Европа.

Еден од најдобрите фудбалери на чаирчани и воедно и капитен истакна дека ремито на гостински терен не носи голема предност и потенцира дека реваншот на домашен терен ќе биде двојно потежок.

„Имаме позитивен резултат од првиот натпревар, меѓутоа сметам дека нема никаква предност за нас затоа што во денешниот фудбал без разлика на тоа што на гостински терен имате добар резултат, не носи многу. Не чека двојно потежок меч од оној во Ерменија. Но и покрај се, се надевам дека ние ќе успееме да ја израдуваме нашата публика која ќе не поддржи на дуелот. Целта на Шкупи е да се одигра најдобро што се може и да се пројде Пјуник“, изјави Бајрами.

Шкупи минатата година играше во квалификациите за Лигата на Европа, но не успеа да го мине првото коло затоа што испадна од Глазгов Ренџерс. Дуелот во Скопје на Арената „Тоше Проески“ се игра од 20:45 часот.