Бајрами го наследи Таневски на клупата на Македонија Ѓорче Петров

Мухарем Бајрами ќе биде наследникот на Александар Таневски на клупата на Македонија Ѓорче Петров. Шефот на стручниот штаб си поднесе оставка по поразот од Брегалница во Првата македонска фудбалска лига овој викенд, а раководството не губеше време. 

За 35-годишниот Бајрами ова ќе биде втора авантура како тренер, откако минатото лето кратко го водеше Шкупи. Тренерската авантура Бајрами ја започна како тренер-играч во март 2020 година, но тогаш дојде до прекин на сезоната поради коронавирусот. Потоа, управата му ја довери клупата и на стартот на мината сезона, но по само осум натпревари заработи отказ. 

Сега, пред Бајрами е нов предизвик. Македонија Ѓорче Петров не знае за триумф на пет дуели во низа во ПМФЛ. По десет кола, екипата од Скопје има исто толку бодови, па пред Мухарем Бајрами ќе биде мисија да се избори опстанок во лигата.