ФОТО: Бајрами ја имаше првата прозивка и означи старт на тренинзите во Шкупи

Фудбалерите на Шкупи се вратија на тренинзите и ги започнаа подготовките за новата сезона во ПМФЛ, но и квалификациите за Лигата на Европа. 

Новиот предводник на чаирчани, Мухамед Бајрами ја имаше првата прозивка на екипата и се претстави пред веќе познатиот колектив, каде беше капитен пред да ја смени улогата. 

Шкупи ќе тренира во скопје до 16 јули, кога ќе замине на подготовки во Охрид. Веќе на 18 следи првиот тест-дуел против Борец, а потоа ќе ги одмери силите и со Ренова, Струга ТЉ и уште еден засега непознат противник. 

  • Фотографии од тренингот на Шкупи: