• Мартин Танасковски

Екипата на Шкупи остана без тренер откако се раздели од македонската фудбалска легенда Гоце Седлоски и е во потрага на нов тренер, а две имиња кружат како главни фаворити за позицијата.
Првото е клупската легенда и поранешен капитен на Шкупи, Муарем Бајрами. Популарниот Муки беше тренер во Македонија ЃП, но двете страни спогодбено се разделија. Бајрами имаше добра епизода во Ѓорче Петров, а таму го донесе трофејот во Купот на Македонија.
Вториот кандидат кој се споменува е Јане Николоски. Голманската легенда на Македонија е дел од Шкупи од раководството, а беше донесен пред извесен период, пред нешто помалку од еден месец.
Шкупи е бранител на титулата во македонскиот фудбал, а во моментов „гулабите“ се наоѓаат на второто место со 42 бода. Лидер е Струга Трим Љум, со 46 бода.