ВИДЕО: „Бајката“ за ЛШ сè уште трае, Аталанта го сруши Лацио среде Рим

Изненадувањето на сезоната во Серија А, Аталанта од Бергамо останува со реални шанси за пласман во Лигата на шампионите, откако во неделното дерби од 35. коло на „Олимпико“ во Рим го совлада Лацио со 1-3 (1-1).

Во дуел кој беше најава за финалето на Купот на Италија, кој на 15 мај ќе се игра во „вечниот“ град, гостите од Бергамо подобро се снајдоа во вториот дел и запишаа вредни три бода. Дуелот не можеше подобро да започне за момците на Симоне Инзаги. По само две минути Марко Пароло најдобро се снајде во гужвата пред Стракоша и ги доведе „лацијалите“ во водство (1-0).

  • Извештај од натпреварот:

Дури и римјаните имаа можност за втор гол преку Имобиле, но по 20-тина минути игра се разбуди Аталанта. Колумбискиот напаѓач Дуван Запата на ефектен начин израмни и на одмор ја однесе својата екипа со егал резултат.

Грубата грешка во комуникацијата на домашната екипа ја казни Тимоти Кастањ и во 55. минута го матира Голини за водство од 1-2 за момците на Гасперини. Победата на Аталанта ја завери Берат Џемшити во 76. минута со гол за финални 1-3.

Фросиноне изненадувачки освои бод во Реџо Калабрија против тимот на Сасуоло (2-2). Веќе отпишаниот тим на табелета до водство го водеа Самарко и Паганини. Бод за „зелено-црните“ спасија Ферари и Бога.

Спектакуларен натпревар на „Енио Тардини“ одиграа Парма и Сампдорија, а со два гола на Фабио Кваљарела дуелот заврши 3-3. 

  • Извештај од натпреварот: