Бајевиќ побарал селекторската функција да ја извршува бесплатно

Новиот селектор на Босна и Херцеговина, Душан Бајевиќ го наследи Роберт Просинечки и ќе дебитира во баражот во Лигата на нации. Босанските медиуми открија дека Бајевиќ побарал селекторската функција да ја извршува бесплатно.

„Принцот од Неретва“ договорил соработка со Фудбалскиот сојуз на БиХ до крајот на март и затоа не сакал да ги наплати своите услуги.

„Змејовите“ во полуфиналето од баражот во Лига на нации ќе се сретнат со Северна Ирска во Зеница, а доколку победат на истиот стадион ќе го дочекаат подобриот од натпреварот Словачка – Република Ирска.