Бајевиќ дебитира, Босанците како претплатени на дуели со Италија

Деновиве започнаа вестите од таборите на репрезентациите кои се подготвуваат за Лигата на нации. Првите информации редовно се поврзани со тоа дали меѓу повиканите фудбалери има и такви кои се заразени со вирусот ковид-19. Италијанците беа тестирани веднаш и секој играч беше изолиран до пристигнувањето на резултатите (за среќа, негативни). И Босанците минаа низ слична процедура, а истото ќе го повторат непосредно пред патувањето за Италија.

Притоа, медиумите не смеат да влегуваат во тренинг центарот во Зеница, а и движењето на сите други е строго ограничено и контролирано. Јасно е дека пандемијата што го потресе целиот свет и која прилично ги промени сите фудбалски натпреварувања донесе нов начин на однесување што, како што стојат работите, уште долго време ќе опстане.

Селекторот на „азурите“, Роберто Манчини, за подготовките повика 35 фудбалери, а овој потег го објасни со тоа дека не знае во каква форма се неговите избраници во моментов и дека сака да види што можат да понудат новите имиња. Единствен на кого сметаше, а не се појави на подготовките е играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати, кој има проблеми со повредата. 

Од друга страна, за искусниот Душан Бајевиќ ова ќе биде деби на клупата на Босна и Херцеговина. Поранешниот стратег на АЕК Атина и Црвена Звезда уште пред да го склопи списокот мораше да се откаже од Миралем Пјаниќ (позитивен на коронавирус) и Раде Круниќ (повреден), но и во овој ростер со кој располага има одлични поединци. Сепак, тоа не е доволно за да им се закани на Италијанците, кои двата минатогодишни дуели со Босна во квалификациите за ЕП ги решија во своја корист, па затоа се фаворити и на овој натпревар. Нивните досегашни дуели беа ефикасни, па пукајте 3+.