• Иван Димовски

Баерн Минхен во текот на летната пауза без натпревари реши дека е време за реновирање на „Алијанц Арена“.
Гордоста на Минхен ќе постави хибридна подлога. Во целост се менува тревната подлога, а отсега ќе се користи мешавина меѓу природна и вештачка трева. Покрај тоа, Баварците работат и на реконструкција на дел од трибините. Некои сектори ќе бидат само за стоење, додека во одредени блокови се додаваат столчиња. Ќе се отвори и повеќе простор за инвалидски колички, со ослободување на простор зад головите.
The summer break is once again being used to carry out some modernisation work at the Allianz Arena
Learn more
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) July 5, 2023
Овие реконструкции освен за новата сезона, главно се инспирирани од фактот дека Германија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 година. Така, на „Алијанц Арена“ ќе се играат дуели од шампионатот на Европа, додека за во 2025 е закажано и финалето на Лигата на шампионите повторно во Минхен.