Баерн заминува со голем пукот, „принцевите“ без право на грешка против европскиот првак

ПСЖ Баерн

До крајот на март се чинеше дека уште една бајка е пред Баерн. Баварците цврсто ја држеа лидерската позиција во Бундеслигата и го совладаа Лацио како „плиток поток“ во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа Роберт Левандовски го повреди коленото, играјќи за својата Полска.

Сите квоти на MOZZART од натпреварот ПСЖ - Баерн Минхен >>>

Како што обично се случува, една несреќа не доаѓа сама, па по таа на Леви, стрелец на 42 гола оваа сезона, се повредија стоперите Џером Боатенг и Никлас Зиле, левиот бек Лукас Ернандез, играчите од средниот ред Марк Рок и Леон Горецка, а крилниот напаѓач Серж Гнабри се зарази со вирусот корона. На сите овие маки (кои започнаа со повредите на Даглас Коста и Толисо) се заостри и конфликтот меѓу тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, а сето тоа кулминираше со пораз од ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Сите квоти на MOZZART од Лигата на шампионите >>>

Некој ќе рече дека Баерн не заслужи да загуби затоа што практично играше „викторија“ пред голот на парижани и создаде стотици шанси, но тие беа сопрени со бравурите на голманот на „светците“ Кејлор Навас и контранападот на ривалот.

Реваншот скоро сигурно ќе се одвива во ист тон, иако актуелниот шампион на Стариот континент треба да биде посилен за Боатенг и Хернандез, а можеби и за Горецка, веруваме дека избраниците на Маурицио Почетино ќе добијат сатисфакција за поразот во финалето минатата сезона, бидејќи ровката и ранлива одбрана на бранителот на титулата тешко дека ќе може да се носи со непредвидливиот Нејмар, нереално брзиот Килијан Мбапе, разбудениот Јулијан Дракслер и луцидниот Анхел Ди Марија.