ВИДЕО: Баерн зададе прв удар, Милер со доза среќа ја „отвори“ Барса

Фудбалерите на Баерн Минхен имаа контрола врз играта во првото полувреме во дербито на првото коло од Лигата на шампионите, на гостувањето на „Камп Ноу“ кај Барселона. 

Иако и Барса имаше свои моменти, шанси по контра напади и добри акции, Мануел Нојер беше помирен од својот сонародник на спротивната страна. Баварците први успеаја да ја стресат противичката мрежа во дербито, откако Томас Милер со мала доза на среќа го матираше Тер Штеген. 

  • Голот на Томас Милер на „Камп Ноу“:

Германецот биеше од околу 25 метри, топката се одби од Ерик Гарсија и го измами голманот на Барса, па заврши во мрежата за 0-1. 

Состави

Роналд Куман

4-4-2

    Јулијан Нагелсман

    4-4-2