• Иван Димовски
Баерн Минхен во вториот дел го скрши отпорот на РБ Лајпциг и со 2-0 победи во четвртфиналето на ДФБ Купот.
Средбата на „Алијанц Арената“ не понуди голови во првиот дел, освен поништениот на Баумгартнер уште во четвртата минута поради офсајд. Баварците доминираа и беа подобар противник, ама не успеаја да дојдат до водство.
Резултатот беше отворен по 64 минути игра. Вандервордт беше невнимателен и направи пенал, одговорноста ја презеде Хари Кејн и го реализира казнениот удар за 1-0. Само три минути подоцна предноста беше удвоена, а овојпат стрелец беше Луис Диаз. Колумбиецот доби проигрување од Олисе пред да реализира за 2-0, резултат кој се испостави како конечен.
Баварците продолжуваат во полуфиналето на Купот на Германија, а досега освен РБ Лајпциг ги елиминираа Унион Берлин, Келн и Вехен.







