ВИДЕО: Баерн „удри“ по Мајнц и се врати на лидерското место во Бундеслигата

Баерн Минхен се врати на водечката позиција во Бундеслигата по 26. коло, откако четири дена по елиминацијата од Лигата на шампионите, целиот бес го искали врз Мајнц 05 и го совлада со 6-0 (3-0) на „Алијанц Арена“. Сега екипата на Нико Ковач има ист број на бодови, но подобра гол разлика од Борусија Дортмунд на осум кола до крајот, со меѓусебен дуел во Минхен.

  • Извештај од натпреварот:

Јунак на победата на шампионот беше критикуваниот Колумбиец Родригез, авто на три гола, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа и Коман, младиот Алфон Дејвис и Левандовски.

Единствениот германски претставник во европските натпреварувања, Ајнтрахт пак ги израдува своите навивачи со домашна победа до 1-0 (1-0) против Нирнберг.

  • Извештај од натпреварот:

Мартин Хиртенегер со прекрасен гол во 39. минута ја донесе екипата од Франкфурт на само еден бод до влез во Лигата на шампионите.