ВИДЕО: Баерн се извлече во Леверкузен, шампионот не успеа да се доближи до лидерот

Екипите на Баер Леверкузен и Баерн Минхен одиграа прилично здодевен натпревар и ремизираа со непопуларните 0-0 во дербито на 22. коло од германската Бундеслига

Актуелниот шампион стартуваше подобро и делуваше дека е помотивиран од ривалот. Баерн се мачеше во офанзива и никако не можеше да го пробие бедемот на „фармацевтите“. Се обидоа домаќините да го отворат резултатот во првите 45 минути, имаа два обида во голот на Баварците, но на паузата екипите заминаа со почетните 0-0. 

Слична слика видовме и во вториот дел, Леверкузен имаше поголема иницијатива и делуваше како поконкретен тим на теренот, а за тоа доволно говори фактот дека Баерн не упати ниту еден удар во рамките од голот во текот на целиот натпревар. 

Избраниците на Чаби Алонсо можат да жалат што не успеаја да стигнат до важни три бода против најголемиот ривал, а задоволството е веројатно поголемо кај гостите кои непоразени се враќаат дома. Причината за такво нешто е што Баер Леверкузен погоди две стативи преку Фримпонг, а исто така и Флоријан Вирц промаши колосална шанса пред самиот финиш на мечот.

  • Извештај од натпреварот:

Баерн ја задржува предноста од осум бода на табелата, а во следното коло ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт. Баер Леверкузен ќе патува на гостување кај екипата на Холштајн Кил

Состави

Чаби Алонсо

4-4-2

    Винсент Компани

    4-2-3-1