ВИДЕО: Баерн рутински со Унион Берлин, Ајнтрахт му даде СЕДУМ гола на Бохум

Баерн Минхен целосно ја оправда фаворитската улога и славеше со сигурни 3-0 (2-0) над Унион Берлин во натпреварот од деветтото коло на германската Бундеслига. 

  • Баерн Минхен - Унион Берлин 3-0:

Тримфот беше најавен со головите на Хари Кејн и Кингсли Коман во првото полувреме, а потоа Баварците само рутински ја доработија задачата и на крајот донесоа радост за своите навивачи.

Англичанецот Кејн стрелаше вторпат по само шест минути игра во вториот дел и ги постави конечните 3-0, со кои Баерн за момент има три бода предност пред второпласираниот РБ Лајпциг, кој допрва ќе го одигра дербито против Борусија Дортмунд. 

Ајнтрахт Франкфурт му приреди вистинска катастрофа на Бохум и победи со огромни 7-2, остварувајќи една од најголемите победи во својата историја.

  • Ајнтрахт Франкфурт - Бохум 7-2:

На паузата домаќинот водеше со убедливи 4-1, а во вториот дел продолжи да го меле ривалот и на крајот извојува важна победа со која се искачува на третата позиција на табелата. Хуго Екитике двапати се запиша во листата на стрелците, а нему му се придружија уште Мармуш, Кнауф, Браун, Дахуд и Узун. 

На останатите натпревари во истиот термин, Сент Паули го изненади Хофенхајм и славеше со конечни 0-2, Холштајн Кил со минимални 1-0 го совлада Хајденхајм, додека Волфсбург и Аугзбург ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1.

Состави

Винсент Компани

4-2-3-1

    Бо Свенсон

    3-4-3