Баерн размислува за иднината без Флик, ново име се поврзува со гигантот

Баерн Минхен по крајот на сезоната ќе се раздели со Ханси Флик. Иако минатата сезона беше една од најуспешните во историјата на клубот, Баварците ги освоија сите можни трофеи, веројатно бргу дојде до презаситеност и Флик си заминува. 

Главна причина се недоразбирањата и неслагањето со директорот Хасан Салихамиџиќ, па со оглед на тоа што Босанецот има посилна улога, неговата волја ќе преовлада. Веќе се шпекулираат повеќе имиња за позицијата на Флик, а нов кој се поврзува со Баерн е Масимилијано Алегри. 

Италијанскиот стручњак прави пауза по напуштањето на Јувентус, сè уште не се реши да презеде тим, па можеби токму Баерн ќе го привлече да се врати на фудбалот. Според „Билд“,

Алегри се смета за план Б во Минхен, додека јасно е дека младиот Јулијан Нагелсман е примарна цел.