Баерн пронајде голман на истото место од каде што го ангажира Нојер

Александер Нобел

Честите повреди кај Мануел Нојер го натераа Баерн Минхен да размислува за иднината на голманската позиција.

Германскиот репрезентативец никако не може да ја пронајде посакуваната форма, па затоа Баварците бараат начин да го решат овој проблем.

Решението го пронајдоа на истото место од каде што го ангажираа Ноер. Екипата на Шалке 04 повторно има голмански „бисер“ во своите редови. Се работи за младиот и перспективен чувар на мрежата Александер Нубел, кој има активен договор со тимот од Гелзеркирхен до 2020 година. 

22-годишникот важи за еден од најдобрите на својата позиција во Германија што е доволна причина да постои интерес од актуелниот шампион во Бундеслигата.

Баерн има две шанси за трофеј оваа сезона. Првата е домашниот шампионат каде има само еден бод повеќе од Борусија Дортмунд на четири кола до крајот, а втората е германскиот Куп, каде во полуфиналето ќе ги одмери силите со Вердер.