ВИДЕО: Баерн прими ЕВРОГОЛ, па ја наполни мрежата на Оснабрик во Купот

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен успешно ја започна одбраната на трофејот во Купот, откако славеше на гостувањето кај Оснабрик со 1-4.

Домаќинот сензационално поведе по само четири минути со спектакуларен гол на Робин Мајснер, но радоста траеше кратко. Хари Кејн израмни во 18. минута, а Том Бишоф до полувремето донесе целосен пресврт.

Баерн продолжи да доминира и во вториот дел, а Мајкл Олисе во 73. минута зголеми на 1-3 и практично го реши прашањето на победникот.

Конечните 1-4 ги постави Кејн од пенал во финишот, па баварскиот гигант без поголеми проблеми обезбеди место во второто коло.