Баерн прави „чистка“, заминуваат седум фудбалери кои вредат 340 милиони евра

Екипата на Баерн Минхен заврши сезона без ниту еден трофеј првпат по 2012 година. По единаесет последователни титули во Бундеслигата баварците ги запре Баер Леверкузен, а во Лигата на шампионите беа елиминирани во полуфиналето. 

Томас Тухел си заминува од позицијата шеф на стручниот штаб и клубот е во проблеми при пронаоѓањето на негов наследник. Сепак, иако сè уште нема нов тренер „Билд“ пишува дека се подготвува огромна чистка во играчкиот кадар на Баерн Минхен. Дури седуммина се на излезните врати на клубот, а се очекува со тоа да се наполни клупската каса. 

Веројатно најголемо изненадување на листата е Џошуа Кимих кој има договор до следната година и клубот не сака да ризикува. Тука се и Леон Горецка кој е голем работник, но баварците гледаат алтернативи на оваа позиција. На листата се и крилните фудбалери Серж Гнабри и Кингсли Коман. Тука е и стоперот Дајот Упамекано, како и бековите Нусаир Мазрауи и Алфонсо Дејвис. 

Вкупната вредност на овие фудбалери според „Трансфермаркт“ е 340 милиони евра.