• Саше Љолес
Германските медиуми објавија дека управата на Баерн Минхен работи на нова мисија за доведување на одличниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек.
Централниот дефанзивец не може да се договори со „милионерите“ околу новиот договор (бара плата од 10 милиони евра), а оваа ситуација најдобро може да ја искористи токму Баерн, кој и во минатото често ги „крадеше“ талентите на најголемиот ривал во Бундеслигата.
Шлотербек е во Дортмунд од 2022 година и досега одигра 86 лигашки натпревари, наметнувајќи се како незаменлива алка во првиот тим.
Се работи за одличен стопер кој постојано бележи високи оценки за неговите настапи. Тој е веќе три години репрезентативец на Германија, а за „панцерите“ досега одигра 20 натпревари.







