• Иван Димовски
Екипите на Баерн Минхен и Мајнц 05 одиграа нерешени 2-2 (1-1) во натпреварот од 14. коло на германската Бундеслига. Средбата на „Алијанц Арената“ понуди интересен резултатски тек, бидејќи домашните поведоа, а потоа гостите направија пресврт. На крајот шампионот мораше да избегнува пораз.
- Извештај од натпреварот:
По активниот старт на средбата резултатот беше отворен во 29. минута со голот на Ленарт Карл кој погоди по асистенција од Серж Гнабри за 1-0. Сепак, кога сите очекуваа да се замине на полувреме без резултатски промени следуваше изненадување. Кацпер Потулски беше човекот кој го врати Мајнц до егал во втората дополнителна минута (1-1).
Во продолжението баварците се обидоа да се вратат во позитива, ама откако не успеаја стигна казната преку Јае Сунг Ли кој со глава го матира Нојер за 1-2 во 67. минута. До крајот Мајнц грчевито се бранеше и не издржа. Стрелецот на првиот гол Потулски направи пенал, одговорноста ја презеде Хари Кејн и реализира за 2-2.
Баварците и покрај поразот се убедливо први во германскиот фудбал со 38 бода, девет повеќе од второпласираниот Лајпциг. Од друга страна, ова беше само седми бод за Мајнц кој е на дното.








