Баерн потврди: Џошуа Кимих позитивен на коронавирус!

Кимих

Џошуа Кимих добил позитивен тест на коронавирусот, соопшти екипата на Баерн Минхен. Германскиот играч за врска веднаш замина во задолжителна самоизолација.

Човекот околу кого се крена голема прашина, бидејќи јавно откри дека не се вакцинирал, ќе остане без примања во периодот кога нема да биде достапен за клубот. Ханси Флик вели дека неговиот играч се премислил и дека наскоро ќе се имунизира.

Првите информации се дека 26-годишникот е во добра здравствена состојба. Баварците нема да можат да сметаат на него во наредните неколку недели.

Законите во Баварија му овозможуваат на Баерн да ги казни фудбалерите, со тоа што нема да им исплаќа плата, додека тие се во карантин.