Баерн потроши рекордна сума за хрватски тинејџер од Славен Белупо

Звонарек

Славен Белупо се договори со Баерн Минхен и го продаде големиот талент на хрватскиот фудбал Ловро Звонарек.

Првично тимот од Копривница ќе добие два милиони евра. Доколу се остварат очекувањата од трансферот на 16-годишникот, обештетувањето може да порасне до пет милиони евра.

„Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Играњето овде, носење на овој дрес ме прави горд, но исто така ме тера да продолжам да работам на себе секој ден“ , изјави талентираниот фудбалер.

Баерн испиша историја и плати рекордна сума за фудбалер под 18 години. Младиот Звонарек игра во средниот ред и ќе има одлична подлога да се развива во наредните неколку години.

Неговата авантура во Минхен ќе започне наредното лето, бидејќи тековната сезона ќе ја комплетира во Славен Белупо.