Баерн поради затворска казна шест месеци без дефанзивец

Германскиот шампион Баерн Минхен ќе остане без важен играч. Лукас Хернандез до19 октомври мора да се појави во Мадрид, каде треба да отслужи шест месечна затворска казна, за која претходно бил осуден.

Уште во февруари 2017 година, Хернандез и неговата сопруга Амелија имаа жестока расправија на улица, полицијата интервенираше и двајцата беа уапсени. По тој повод, мадридскиот суд ги осуди на триесет дена општествено корисна работа, како и забрана за меѓусебно гледање во траење од шест месеци.

Сепак, Лукас и Амелија ја прекршија забраната, па отпатуваа заедно до непозната локација за да го прослават својот меден месец. По враќањето, Хернандез бил приведен и испратен кај судија, кој потоа ја претворил првобитната казна во шест месечна затворска казна.

Адвокатите на фудбалерот на Баерн бараа промена на казната во општествено-корисна работа, но отакако истата беше одбиена Лукас Хернандез доби наредба да се појави во Мадрид.

Францускиот дефанзивец пред да дојде во Баерн ги бранеше боите на Атлетико Мадрид. Останува да видиме што ќе се случи со неговата кариера во редовите на Баварците, и каква ќе биде реакцијата на германскиот шампион доколку навистина остане половина година без важен играч.