ВИДЕО: Баерн одново победува, Левандовски со два гола го почести Унион Берлин

Левандовски

По два меча пауза Баерн Минхен оствари победа во домашното првенство. Баварците денес немаа никакви проблеми во дуелот со Унион Берлин (4-0) во 27. коло од Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот: 

Две нови реализации запиша Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач само ја потврди победата, која ја најавија Коман и Нианзу. По 25 минути игра домашниот тим имаше сигурна предност, а тогаш започна шоуто на најдобриот стрелец во германскиот шампионат. Најпрво реализира пенал на крајот од првиот дел, а потоа ја запечати судбината на екипата од главниот град со нов погодок во 47. минута.

Остатокот од мечот донесе рутина за фаворитот. Гостите немаа големи шанси ниту за утешен погодок, па со полна мрежа голови си заминаа од „Алијанц Арена“.

Баерн побегна на седум бода пред Борусија Дортмунд, која утре ќе игра на гости кај екипата на Келн.

Состави

Јулијан Нагелсман

4-2-3-1

    Urs Fischer

    3-5-2