• Мартин Танасковски
Германскиот гигант Баерн Минхен се соочува со сериозни проблеми на голманската позиција во текот на оваа сезона, а ситуацијата дополнително се искомплицира по гостувањето кај Баер Леверкузен.
На тој натпревар, резервниот голман Свен Улрајх имаше извонредна партија и беше еден од најзаслужните што Баерн успеа да освои бод и покрај тоа што играше со двајца фудбалери помалку. Искусниот чувар на мрежата, кој во клубот пристигна од Штутгарт, со неколку одлични интервенции ја зачува надежта на баварскиот тим во тешките моменти од средбата.
Сепак, веднаш по натпреварот следуваа лоши вести за германскиот шампион. Од клубот потврдија дека Улрајх заработил истегнување на мускулот на препоните, поради што ќе мора извесен период да паузира. Оваа повреда дополнително ја отежнува ситуацијата, имајќи предвид дека првиот голман Мануел Нојер веќе подолго време е надвор од терените, додека со здравствени проблеми се соочува и младиот Јонас Урбиг, кој неодамна бранеше во натпреварот од Лига на шампиони против Аталанта.
Доколку ниту еден од повредените голмани не биде подготвен навреме, нешто што е најава од Германија, тренерот Компани ќе биде принуден да му довери место меѓу стативите на некој од младите голмани од академијата во реванш дуелот од осминафиналето против италијанскиот тим. Интересно е што повреден е и голманот Леон Кланац кој брани за младинскиот тим, па така место меѓу стативите се очекува да добие 16-годишникот Леонард Прескот од У18-екипата кој е висок само 1,96 сантиметри.
Сепак, баварскиот клуб има значителна предност пред реваншот. Во првиот натпревар одигран во Бергамо, Баерн славеше убедлива победа од 6-1, па реваншот во Минхен би требало да претставува формалност на патот кон четвртфиналето на најелитното европско клупско натпреварување.






