Баерн нема да бара замена за Тиаго, Флик шанса ќе му даде на млад француски талент

Откако се отвори можноста Тиаго Алкантара да ги напушти редовите на Баерн Минхен уште ова лето, германскиот шампион најверојатно нема да бара негова замената, затоа што шанса ќе му даде на еден од најталентираните фудбалери во академијата. 

Шпанскиот репрезентативец одбил да потпише нова соработка и многу веројатно уште ова лето ќе го напушти Минхен, а Флик наводно им соопштил на челните лица на клубот дека нема да му биде потребен нов фудбалер на таа позиција, бидејќи сака да му даде шанса за докажување на младиот Мајкл Кујанс. 

20-годишниот играч за врска се смета за еден од најталентираните француски фудбалери во овој момент, а своите квалитети ги покажа на последниот натпревар на Баерн Минхен оваа сезона во Бундеслигата против Волфсбург, на кој постигна и еден гол.

Според германските медиуми на Кујанс му се предвидува блескава фудбалска кариера, па затоа Баерн Минхен веќе размислува да му понуди нов, побогат договор на младиот Французин. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.