• Саше Љолес

Екипата на Баерн Минхен оствари лесна и убедлива победа над Хофенхајм (5-0) во натпреварот од 17. коло во Бундеслигата.
- Баерн Минхен - Хофенхајм 5-0:
Избраниците на Винсент Компани го најавија триумфот со три гола во првиот дел, а потоа само рутински ја завршија задачата и се задржија на врвот на табелата. Двапати стрелаше Лерој Сане, а со него во листата се впишаа Гереро, Кејн и Гнабри.
Баварскиот гигант има 42 бода, четири повеќе од Баер Леверкузен, а во следното коло ќе го пречека Волфсбург.
Останатите натпревари во истиот термин беа исто така прилично ефикасни, Штутгарт славеше со 2-1 над РБ Лајпциг, Аугзбург го совлада Унион Берлин со 0-2 на гости, додека Хајденхајм во самиот финиш се избори за бод на гостувањето кај Вердер Бремен (3-3).
- Бохум - Сент Паули 1-0:
Попладнево Бохум го совлада Сент Паули со 1-0.