ВИДЕО: Баерн не се потроши и прокнижи планирани бодови кај Гројтер

Баерн Минхен ја запиша петтата победа во низа во Бундеслигата на гостувањето кај Гројтер Фирт (1-3). Во првиот натпревар од шестото коло на најсилниот германски шампионат, тимот на Нагелсман стигна до три бода, иако скоро цело полувреме играше со човек помалку.  

  • Извештај од натпреварот: 

Големиот фаворит и бранителот на титулата немаше големи проблеми да прокнижи нови бодови на салдото. Првото место на табелата го потврди со три гола во домашната мрежа. Томас Милер го отвори резултатот во десеттата минута. Искусниот напаѓач го пронајде патот до целта со прецизен шут по земја. Истиот фудбалер промаши зицер неколку минути подоцна, а пред паузата Џошуа Кимих се погрижи за двојна предност на Баварците. Гостинскиот фудбалер одлично ја искористи асистенцијата на Лерој Сане за да обезбеди сигурна предност за тимот на Јулијан Нагелсман.

Сите дилеми околу разврската на овој меч беа разрешени во продолжението. Автоголот на Себастијан Грисбек беше крај на секоја надеж на домашната екипа за бодови на оваа средба. Вториот дел донесе и црвен картон за Бенџамин Павар, поради што гостите го доиграа дуелот со играч помалку. Бројчаната предност Гројтер ја искористи за гол за утеха преку Седрик Итен.

Во очекување на преостанатите осум натпревари од шестото коло, Баерн има три бода повеќе од Волфзбург и пет од Борусија Дортмунд. 

Состави

Stefan Leitl

4-4-2

    Јулијан Нагелсман

    4-4-2