Баерн не сака да слушне за продажба на Левандовски

Левандовски

Баерн Минхен и Роберт Левандовски одржаа состанок, на кој се зборуваше за неговата иднина во клубот.

Според информациите од Германија, актуелниот шампион во Бундеслигата не сака да помисли да остане без својот најдобар играч. Управата очекува полскиот напаѓач да остане до крајот на сезоната, а во меѓувреме да стави потпис на нов договор.

Барселона се поврзуваше со трансфер на еден од најдобрите голгетери на денешницата. Последните најави не носат оптимизам за каталонскиот клуб, кој се надеваше дека ќе го искористи незадоволството на Левандовски, кој и натаму чека понуда за нов договор од Баварците.

Полјакот игра во дресот на баварскиот гигант од 2014 година. Претходно беше дел од Борусија Дортмунд, Лех Позњан, а кариерата ја започна во Делта од Варшава.