Баерн му посака добредојде на Компани во дебито со ПЕТНАЕСЕТ голови

Баерн Минхен официјално ја започна новата етапа со Винсент Компани како тренер на првиот тим. Баварскиот гигант повеќе од успешно ги започна контролните средби и славеше со огромни 1-14 кај нисколигашот Ротах-Егерн. 

Компани изведе прилично силен тим на теренот, па резултатот по првите 45 минути беше убедливи 1-7 за Баерн. Адин Личина постигна два гола, додека Матијс Тел забележа хет трик уште во првиот дел. 

Второто полувреме донесе уште седум гола за дружината на Компани, а тука се истакна и младиот Австралиец Нестори Иранкунда, кој двапати се запиша во листата на стрелците. Баерн ќе одигра уште еден меч против германски нисколигаш, а потоа следуваат два меча против Тотенхем на Анге Постекоглу. 

Интересно е тоа што Баерн во изминатите години неколку пати се сретнува со Ротах-Егерн, а севкупната гол разлика од четири одиграни мечеви изнесува 84-3.