Баерн му го продолжи договорот на трофејниот резервен голман

Баерн Минхен го продолжи договорот со голманот Свен Улрих . Новиот договор е со важност до летото 2026 година. Клубот испаткна големо задоволство од потписот на еден од сенаторите на клубот. 

„Свен е олицетворение на сигурноста: тој ги држи своите ветувања – во вистинската смисла на зборот. Луѓе како него се корисни за секој тим. Среќни сме што тој ќе помине уште една сезона со нас“, изјави спортскиот директор на клубот, Макс Еберл.

Улрих се приклучи на Баерн во 2015 година од Штутгарт. Одигра 103 натпревари за Баерн, ја освои Бундеслигата девет пати, Купот на Германија трипати, Суперкупот на Германија шест пати, а своето име го запиша и како освојувач на Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.