Баерн може да ги одмори ѕвездите, но кај Волфсбург ќе биде тешко

Баерн свесно жртвуваше два бода минатата недела против Унион Берлин, кога Ханси Флик изведе скоро комплетна втора постава. А сè во желба стартерите што посвежи да го дочекаат реваншот против Пари Сен Жермен. Десеткуваните Баварци не успеаја на „Паркот на принцовите“ да направат чудо, така да повторно максимално ќе се свртат кон домашните задачи.

Сите квоти за натпреварот меѓу Волфсбург и Баерн Минхен

Овој викенд Баерн го има најтешкиот испит до крајот на првенството. Да не се случеше бродоломот на Волфсбург против Ајнтрахт во Франкфурт, прашање е со колку „морални предности“ тимот од Минхен ќе влезеше во дербито, вака... „Волците“ со четири примени гола и тоа како ја расипаа репутацијата за втора најдобра одбрана во лигата, а немањето грижа за третата позиција (поради чувствителната разлика во однос на петопласираниот), ги става во позиција да можат да „си поигруваат“.

Во последните пет години Волфсбург главно го предизвикуваше шампионот и се обидуваше да му парира. Таа игра најчесто завршуваше лошо по нив, но... Оливер Глазнер доста добро ги наштима „волците“ и не треба да се очекува дека ќе бидат прегазени, посебно не од страна на десеткуваниот Баерн, кој повторно нема да може да смета на Левандовски, Гнабри, Горецка, Зуле...

Квоти за останатите дуели во Бундеслигата

Заклучок – ќе има голови. Но извесно ќе има на двете страни, а не само зад грбот на Коен Кастелс. Впрочем, Вут Вегхорст моментално е најдобро расположениот голгетер во Бундеслигата заедно со Андре Силва.

Лајпциг играше вчера, а тоа е предност за Флик. Бидејќи не победија со Хофенхајм, Баерн ќе има простор да ги одмори своите уморни ѕвезди. Во спротивно, двојката, сепак, се наметнува како реалност.