„Баерн мора да ги искористи сите оружја за трансферот на Флориан Вирц“

Повеќе европски медиуми ја пренесуваат веста дека Баерн Минхен има огромна желба да го ангажира одличниот фудбалер на Баер Леверкузен, Флориан Вирц. 

21-годишниот офанзивен играч за врска имаше прекрасна сезона со „фармацевтите“, ја освои титулата во Бундеслигата и придонесе со 18 голови и 18 асистенции, а тоа беше повеќе од доволен знак за европските гиганти да влезат во трката за неговиот потпис. 

Тоа го потврдува и поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес, кој изјави дека Вирц е иднината на германскиот фудбал и Баварците мора да тргнат во офанзива за овој трансфер. 

„Сите знаат дека би сакале да го видиме Вирц во Баерн. Тој би бил фантастично засилување и мислам дека со овој трансфер би завршиле одлична работа.

Во нашиот клуб ќе има идеални услови за уште поголем развој и во иднина би можел да биде најдобар играч во Германија. Очекувам клубот да ги употреби сите можни оружја за негово доведување“, рече Хенес. 

Флориан Вирц во моментов е проценет на 130 милиони евра и се смета за вистински наследник на легендарниот Тони Крос. Тој е веќе пет сезони дел од Баер Леверкузен, но летово би можел да ја промени средината. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.