• Саше Љолес
Управата на Баерн Минхен мисли на иднината и го „врза“ со нов договор талентираниот Александар Павловиќ, кој потпиша нова соработка со важност до 2029 година.
Информацијата ја соопшти баварскиот гигант, од каде изразија големо задоволство од новиот договор, а Павловиќ е пресреќен и вели дека играњето за овој клуб е огромна чест.
„Пресреќен сум што имам можност да играм за овој славен клуб. Тоа за мене е огромна чест. Овде имам шанса за голем прогрес во кариерата и едвај чекам да продолжиме со сите предизвици кои ни следат.
Уште сум многу млад и знам дека можам да напредувам. Навивачите ме прифатија со цело срце, а јас ветувам дека ќе им возвратам со квалитетни настапи во овој дрес“, рече Павловиќ.
20-годишниот Германец со српско потекло е роден во Минхен, а од минатата година е првотимец на Баерн и досега запиша 19 настапи во Бундеслигата.