Баерн Минхен засекогаш го повлече дресот со бројот пет во чест на Франц Бекенбауер

Управата на германскиот гигант Баерн Минхен направи уште еден потег со кој искажа огромна почит и чест за легендарниот Франц Бекенбауер, кој почина на 78-годишна возраст. 

Баварскиот клуб реши да го повлече засекогаш дресот со бројот ПЕТ и тој отсега ќе служи како потсетник за неверојатните настапи на славниот фудбалер кој важи за еден од најдобрите во историјата на Германија. 

Франц Бекенбауер играше за Баерн Минхен од 1964 до 1977 година, настапи на 582 натпревари и освои тринаесет трофеи во сите конкуренции. Потоа беше и тренер на Баерн во два наврати, од 1993 до 1994 година, како и во текот на 1996 година. 

Во кариерата беше европски и светски шампион како активен репрезентативец на Германија, а потоа како селектор а одведе својата земја до нова светска титула во 1990 година на Мундијалот кој се одржа во Италија.