• Саше Љолес
Баерн Минхен на маестрален начин го започна настапот на Светското клупско првенство, откако славеше со огромни и убедливи 10-0 (6-0) над екипата на Оукленд Сити.
- Извештај од натпреварот:
Натпреварот немаше голем компетитивен карактер, затоа што Баварците уште во првото полувреме ја наполнија мрежата на ривалот. По двапати во првиот дел стрелаа Коман и Олисе, а листата на стрелци ја надополнија Саша Бој и искусниот Томас Милер.
Конечните 10-0 дојдоа по хет-трикот на Џамал Мусиала, кој стрелаше трипати во периодот меѓу 67. и 84. минута, a десеттиот погодок го постигна Томас Милер. Оукленд Сити немаше што да бара на овој натпревар и го „положи оружјето“ уште во раната фаза од мечот.
Баерн веднаш избива на врвот во групата Ц, каде се уште екипите на Бока Јуниорс и Бенфика, кои ќе го одиграат својот дуел на 17 јуни.