ВИДЕО: Баерн Минхен се сопна на гостувањето кај РБ Лајпциг

Екипата на Баерн Минхен направи нов кикс во германската Бундеслига и како гостин кај изненадувањето оваа сезона, РБ Лајпциг, одигра реми со по еден гол на обете страни (1-1). Oва е втор недобиен натпревар за екипата на Нико Ковач по почетното реми со Херта Берлин

  • Извештај од натпреварот:

Двата погодока на мечот паднаа во првото полувреме, а во вториот дел, иако се имаше безброј шанси, голманите беа на висината на задачата.

Уште во 3. минута, Роберт Левандовски погоди за предност на „баварците“, се веруваше во лесен триумф, но пред финишот на првиот дел, Ернандез направи пенал, кој во гол го претвори Емил Форсберг.

Во второто полувреме, Мануел Ноер блескаше, посебно со две добри интервенции и може да се посочи како главен виновник зошто Баерн Минхен не загуби на тешкото гостување во Лајпциг.

РБ Лајпциг со овој бод е лидер во Бундеслигата, додека Баерн Минхен вторпат во четири кола не победува и се наоѓа на четвртата позиција.