ВИДЕО: Баерн Минхен пукна „петарда“ во Бохум

Екипата на Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога и со убедлива победа на гостински терен кај Бохум (0-5) остана на врвот на табелата во Бундеслигата по осум одиграни кола.

„Баварците“ се истурија врз ривалот затоа што беа нервозни од поразот од Барселона во Лигата на шампионите. Статистички, Бохум им е редовен пациент кога се говори за головите, па така беше и овој пат - прими пет во мрежата.

Резултатот се отвори во 16. минута кога Олисе донесе предност за Баерн Минхен, а десет минути подоцна Јамал Мусиала по асистенција на Кимих зголеми на 0-2, што беше резултат и на паузата. Голеадата ја продолжи Хари Кејн во 57. минута, а во листата на стрелците се запишаа уште Лирој Сане и Кингсли Коман.

  • Извештај од натпреварот:

Баерн Минхен има 20 бода на своето конто и е лидер во Бундеслигата, но второто место му припаѓа на РБ Лајпциг кој исто така има 20 бода.

Состави

Dieter Hecking

3-5-1-1

    Винсент Компани

    4-2-3-1