ВИДЕО: Баерн Минхен „на мускули“ до полн плен со Арминија

Екипата на Баерн Минхен на домашен терен потешко од очекуваното славеше над Арминија (1-0) и така се врати на победнички пат во Бундеслигата по неочекуваниот пораз од Аугсбург во претходното коло.

  • Извештај од натпреварот:

Се очекуваше поуебливо издание од „баварската машина“, но повеќето отсуства во тимот си го направија своето, плус тука е и заморот од натпреварите на домашната сцена и во Лигата на шампионите оваа седмица.

На „Алијанц Арена“ падна еден гол вреден три бода. Шампионот го израдува германскиот репрезентативец Лерој Сане, кој во 71. минута доби топка од Томас Милер и се покажа како добар егзекутор, па ја смести топката во мрежата на гостинот кој е давеник во елитата.

Баерн Минхен така останува на врвот со 31 бод, пред Дортмунд со 30 бода, додека Арминија е претпоследна со девет освоени бода.

Состави

Јулијан Нагелсман

4-2-3-1

    Frank Kramer

    4-2-3-1