• Саше Љолес
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд, потврди дека Саша Бое и Жоао Палиња не се во плановите на германскиот шампион за новата сезона.
Францускиот десен бек Бој пристигна во Минхен во 2024 година од Галатасарај за 30 милиони евра, но не успеа да се избори за поголема минутажа. Поради тоа, вториот дел од минатата сезона повторно го мина како позајмен фудбалер во турскиот клуб.
Слична е и ситуацијата со португалскиот репрезентативец Палиња, кој беше ангажиран од Фулам за 50 милиони евра. И покрај големите очекувања, не се наметна во тимот на Баерн, па минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем.
Во текот на летниот преоден рок, Баерн ќе се обиде да ги продаде двајцата фудбалери. Доколку не пристигнат соодветни понуди, како најреална опција повторно се разгледуваат нови позајмици.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


