Баерн Минхен ја започнува мисијата за нов договор со Хари Кејн

Баерн Минхен наскоро ќе започне разговори со Хари Кејн околу продолжување на соработката со англискиот напаѓач.

Договорот на капитенот на Англија му истекува на крајот на сезоната, но германскиот шампион сака да го задржи еден од своите најважни играчи. Кејн веќе е запознаен со плановите на клубот, а се очекува преговорите да започнат во следните недели.

Кејн пристигна во Баерн во 2023 година од Тотенхем и досега одигра 134 натпревари, на кои постигна 146 голови. Со баварскиот клуб освои две титули во Бундеслигата и еден Куп.

Иако Баерн сака да го продолжи договорот, за 32-годишниот голгетер интерес покажуваат Барселона и неколку клубови од Саудиска Арабија.

Кејн ова лето настапуваше за Англија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде постигна шест гола и помогна репрезентацијата да се закити со бронзениот медал. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.