Баерн Минхен ја одреди иднината на Тухел, приоритет е напаѓач!

По шокантниот пораз од Мајнц 05, Баерн Минхен ја загуби лидерската позиција на пет кола пред крајот на Бундеслигата, но раководството на клубот има доверба во тренерот Томас Тухел.

Борусија Дортмунд го искористи киксот на Баварците и во шампионската трка влезе со бод повеќе од големиот ривал, кој сигурно ќе мора да го освежи тимот на лето. Новинарот Фабрицио Романо наведува дека челниците на Баерн нема да го променат ставот за Тухел што и да се случи во Бундеслигата. Во Минхен се спремни со Тухел да го испланираат летниот преоден рок за да го рестартираат проектот следната сезона. Романо пренесува дека ангажирањето на врвен напаѓач ќе биде приоритет.

Замената на Јулијан Нагелсман и доаѓањето на Тухел не им донесе ништо добро на баварците, тие беа елиминирани во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а сега заостануваат зад „милионерите“ во битката за трофејот во Бундеслигата, кој го поседуваа една декада.

До крајот на првенството Баерн го очекува дуели со Херта, Шалке и Лајпциг во Минхен и гостувања кај Вердер и Келн. Борусија Дортмунд ги пречекува Волфсбург, Борусија Менхенгладбах и Мајнц 05, а гостува кај Бохум и Аугсбург.