ФОТО: Баерн Минхен го претстави своето најголемо летно засилување! 

Германскиот гигант Баерн Минхен и официјално го претстави своето најголемо засилување ова лето, откако стави потпис со бразилскиот ас Филипе Кутињо. 

Баварците уште пред неколку дена со Барселона ја договорија едногодишната позајмица на Кутињо, кој со доаѓањето на Антоан Гризман во Каталонија го загуби статусот на првотимец кај Ернесто Валверде. 

„За мене ова е нов предизвик, нова земја, ново првенство, нов гигант. Се надевам дека и во новиот дрес ќе бележам успеси. Амбициите со клубот ни се идентични и сметам дека заедно можеме да ги реализираме“, рече Кутињо по потписот. 

Баерн Минхен во својот ростер ќе го има Кутињо до 30 јуни 2020 година, а потоа доколку се задоволни од неговите настапи ќе можат да започнат нови преговори со Барселона за целосен откуп.