Баерн Минхен го договори најскапото засилување во историјата!

Се чини дека веќе отпуштениот спортски директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, успеал пред самиот крај на својот престој кај Баварците да го договори најголемиот трансфер во историјата на клубот. Се работи за англискиот репрезентативец Деклан Рајс, кој од Вест Хем треба да премине во Минхен за сума од сто милиони евра!

За 24-годишниот дефанзивец постоеше огромен интерес од скоро сите европски гиганти, но изгледа дека тој ќе ја продолжи кариерата во тимот на тренерот Томас Тухел. Баерн Минхен ќе ја плати откупната клаузула во висина од сто милиони евра и со тоа ќе постави нов клупски рекорд кога се работи за големината на трансферите.

Баварците никогаш порано не платиле толку пари за еден играч и најверојатно нема да застанат тука. Најавена е голема „реконструкција“ на тимот за следната сезона, а новите засилувања допрва ќе бидат објавени. Германските медиуми пишуваат дека Тухел и Салихамиџиќ лично отпатувале во Лондон и успеале да го убедат Рајс да се пресели во Германија, а самиот играч бил импресиониран од големината на клубот и немал ништо против да заигра за Баерн. 

Деклан Рајс е „дете“ од школата на Челзи. Потоа премина во Вест Хем и за „чеканите“ досега одигра 244 натпревари и постигна петнаесет голови. За репрезентацијата на Англија забележа 41 настап и постигна три гола.