Баерн Минхен доби второлигаш за ривал во Купот на Германија

Екипата на Баерн Минхен по елиминацијата на Борусија Дортмунд е прв фаворит за освојување на трофејот во Купот на Германија и го доби ривалот во четвртфиналето.

„Баварците“ во наредната рунда ќе играат со Хајденхајм, тим кој претходно го елиминира Баер Леверкузен.

На останатите три меча, Шалке 04 ќе се сретне со Вердер Бремен, Падерборн оди на мегдан со Хамбургер, додека последниот меч ќе го играат Аугсбург и РБ Лајпциг.

Четвртфиналето ќе се игра на 2 и 3 април, додека точните саатници допрва ќе се утврдат.